Потрошувачите да го избегнуваат купувањето и консумирањето на непакуван и неозначен леб и останати пекарски производи, препорачува Дирекцијата за заштита на храна.

-Сведоци сме дека во малопродажната мрежа на Република Македонија се наоѓаат пакувани и означени вакви производи, но и леб од производители кои не го пакуваат и не го означуваат. И покрај тоа што лебот е производ со низок ризик,  непакуваните производи се изложени на надворешни влијанија и нехигиенско ракување со истите, што предизвикува одбојност кај потрошувачот, информираат од Дирекцијата за храна, од каде на потрошувачите им препорачуваат да внимаваат каков леб купуваат.

OhridNews