Трагедија била избегната во австрискиот алпски град Швази. На 76-годишниот возач на автобусот му се слошило за време на возењето и изгубил свест, но автобусот ја пробил заштитната ограда и продолжил да се движи кон бездна длабока 100 метри, во тој момент реагирал француски турист.
Во автобусот се наоѓале 21 патник и возачот. Деветмина од патниците побарале лекарска помош.
„Буквално цел автобус бил на раб на катастрофа“, изјавил портпаролот на полицијата и додал дека е избегната трагедија благодарение на рефлексите на еден од патниците, кој успеал да го сопре автобусот.