Голема еколошка катастрофа на Охридското Езеро била избегната откако експлодирала трафостаницата на „Проаква“, која обезбедува струја за пумпите на колекторот за пречистување, јавува „Макфакс“.
 
Според агенцијата ситуацијата била алармантна и поради тоа што не можеле да се вклучат ниту моторите бидејќи била изгорена и автоматиката за нивно пуштање под напон, поради што фекалиите можеле целосно да се излеат во езерото.
 
Експлозијата се случила пред два дена, а екипите на ЕВН за неполни два дена успеале да ја приспособат изгорената трафостаница на „Проаква“.
 
Од ЕВН кусо изјавија дека тие се партнер на општините и дека секогаш ќе помагаат, особено ако одредена хаварија може да биде опасна за околината.

OhridNews
извор: „Макфакс“