Вчера попладне,полициски службеници од Секторот за внатрешни работи од Охрид, ги пронајдоа и приведоа трите момчиња кои пред неколку дена избегаа од воспитно поправниот дом во Велес.

Избеганите П.С. (19) од Струга, Ј.П (19) од Битола и малолетникот С.Р.(11) од Радовиш, синока околу 20 часот и 45 минути беа забележани кај плоштадот „Крушевска Репуб- лика„ кај Чинарот, во централното градско подрачје на Охрид.

Истите не се спротивставиле во обидот да бидат легитимирано но давале лажни податоци односно лажни генералии.

– Тројцата приведени, во Охрид пристигнале во текот на вчерашниот ден од Штип, по што веднаш се упатиле во Струга.Таму, од соблекувална во средното училиште „Нико Нестор„ успеале да одземат три мобилни телефони. Потоа, во Охрид оствариле контакт со лице нарко-дилер на кого му ги предале двата мобилни телефони во замена за одредена количина опојна дрога Хероин, истакна Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава , по што тие ќе бидат предадени на службеници од воспитно-поправниот дом од Велес, додаде Димоски.

OhridNews