Затворските чувари во сојузната држава Џорџија, го фатиле избеганиот затвореник додека се обидувал скришум да влезе назад во затворот. Имено 25 годишниот затвореник Хари Џексон, побегнал од затворот преку дворот кој се користи за вежбање, само за да провали во продавница каде што украл 14 кутии цигари, па се вратил во затворот.
Џексон е осуден за поседување на опојни средства и кршење на условната казна, а сега го чека обвинување за бегство од затвор и кражба.