Македонската ракометна репрезентација, победувајќи ја Швајцарија со 29-28, со стил ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство следната година. „Црвено жолтите“ уште минатата рунда теоретски го обезбедија учеството на ЕП, но го заверија со триумф над Швајцарија, која со победа во Скопје имаше шанса да се надева на позитивен епилог во битката за најдобрите третопласирани селекции.

Нам не ние потребна дополнителна мотивација кога се игра за националниот дрес, но многу ме изнервираа изјавите на швајцарците дека сме слаба селекција, а забораваат дека ги победивме на нивни терен и ја совладавме Данска во Скопје. Дуелот беше доста тежок, но ние победивме и го обеливме образот пред сите, кои ја следата нашата селекција, – изјави капитенот и селекторот Кирил Лазаров.

Македонија противниците во групите на ЕП ќе ги добие на 6 мај, а нашата селекција во ждрепката ќе се најде во третиот шешир. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на ракометарите ќе им исплати премија во висина од 50 000 евра за успехот во квалификациите и пласманот на ЕП.

  • Кирил Лазаров уште една сезона во Нант!

Најдобриот ракометар на Македонија, Кирил Лазаров уште една сезона ќе биде активен ракометар и ќе го носи дресот на Нант. Лазаров ова го најави вчера, после мечот со Швајцарија.

Се договоривме со клубот да играм уште една сезона, но со лимитирана минутажа. Не беше таков планот, но целокупната ситуација со пандемијата на коронавирусот доведе до ваков епилог. Не сакав да се простам од ракометот пред празни трибини, затоа продолжувам уште една сезона, – изјави Лазаров.

Продолжувањето на соработката со францускиот клуб ќе значи играње уште една година на Лазаров во наионалниот дрес, каде има и селекторска улога.

OhridNews
Фото: Кочо Сотировски/24ракомет