Без победник (2-2) и со поделба на бодовите заврши пресметката помеѓу Струга Трим Лум и Вардар во рамките од 11-та рунда во Првата македонска фудбалска лига. Стружани без победа и три бодови останаа во последната минута од натпреварот, кога Урош Ѓуриќ почетнички згреши и му подари погодок на „црвено црните“.

Срѓан Захариевски (Струга Трим Лум) – Многу тежок натпревар. Вардар иако се наоѓа во една деликатна ситуација не го потценавме. Во првиот дел се до нивниот пенал игравме според договореното. Не сакам сега да ја коментирам одлуката за пенал, бидејќи не го видов контактот, но сигурно ќе ја анализираме. Но за фаулот од кој го примивме вториот гол гарантирам дека не беше. Не сакам да помислам, но морам да прашам дали некој имаше нешто против Струга Трим Лум и нашата екипа. Се насобраа многу ситуации кои се дискутабилни и против нас, што отвори простор да се замислиме.

Златко Танески (Вардар) – Добар и содржаен натпревар се одигра во Струга. Сакам да им честитам на моите фудбалери кои покажаа карактер и покрај негативата од 2-0. Натпреварот не го започнавме најдобро тактички, изгледавме хаотично и многу нервозно на теренот, но како што одминуваше времето бевме се подобри. Голот од пеналот не врати во игра. На полувремето разговаравме отворено и си ветивме дека ќе одиграме подобро и така испадна.

Дарко Мицевски (Вардар) – Мислам дека според прикажаната игра можеше да заминеме и со целиот плен, а не со бод кој го освоивме со гол во последниот напад. Според мене, ние игравме подобро, ја имавме топката во своите нозе, но домаќините од две полушанси ни дадоа два голови. Во тимот на Вардар забележливо е неискуството, а тоа за сега скапо не чини. Сепак, нешто што треба да се истакне карактерот кој несомнено го поседуваме.

OhridNews

 

Прва МФЛ: Евро гол на Цаке, кикс на Ѓуриќ за возбудливо реми на Струга ТЛ – Вардар (видео)