Фудбалерите на Струга Трим Лум и Ренова ги поделија бодовите, ремизирајќи 0-0, на градскиот стадион „ФК Караорман“, во 23-та рунда од Првата македонска фудбалска лига. Струшките фудбалери имаа иницијатива, посед на топка и играч повеќе од 40-та минута, после црвениот картон на Арбен Тафе, но не успеаја да постигнат погодок и да го скршат противникот.
Срѓан Захариевски (Струга ТЛ) – После црвениот картон кај гостите ние веројатно ги запишавме бодовите, а не успеавме да постигнеме погодок. Ренова покажа дека се добра и организирана екипа. Знаеше што сака од стартот до крајот на мечот. Кога ќе се сумира се, ремито и поделбата на бодовите е реален резултат.
Ќатип Османи (Ренова) – Не знам јас дали бидам задоволен или не од ова реми. Кога двете екипи бевме комплетни, домаќините беа тие кои играа и доминираа. Во второто полувреме ние ги имавме поубавите прилики за погодок, кои не знам како не успеавме да ги реализираме. Без разлика, секој бод за нас е голем, бидејќи целта се остварува со освојување на бодови.
Во следната рунда Струга Трим Лум гостува кај тимот на Академија Пандев, додека Ренова на домашен терен силите ќе ги одмери со Македонија Ѓорче Петров.
OhridNews