Фудбалерите на Струга Трим Лум, пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига ја отворија со реми, играјќи (1-1), со тимот на Македонија Ѓорче Петров. Стружани со ремито ја продожија позитивната серија на домашен терен, освојувајќи бод и во десеттиот натпревар од македонската клупска елита. Што се однесува до головите, гостите поведоа со погодокот на Есмин Личина на стартот од второто полувреме, а струшките „црвено бели“ изедначија преку Марјан Алтипармаковски.

Срѓан Захариевски (Струга ТЛ) – Првиот натпревар е најтежок натпревар, бидејќи играчите поминале големи и тешки подготовки и на некој начин не се сеуште во посакуваниот натпреварувачки ритам. Знаевме дека ќе не очекува тешка средба, исполнета со рововска битка на секој педа од теренот. Бодовите ги посакувавме двете екипи, затоа мечот на моменти беше многу нервозен. Морам да признаам дека останавме должни за една добра фудбалска претстава, но во иднина ќе се поправиме.

Жикица Тасески (Македонија ЃП) – Одложувањето на првенството не делуваше најдобро за нас, бидејќи последната тест средба ја одигравме на 3 февруари. Не само ние, туку и нашиот противник играше во грч, што донесе многу борба, а малку допадлив фудбал. Успеавме да постигнеме погодок од прекин и да поведеме, но не успеавме да го задржиме и мислам дека ремито е реално.

 

Во втората рунда од пролетната полусезона Струга Трим Лум гостува во Струмица кај тимот на Беласица.

OhridNews

 

Прва МФЛ: Струга ТЛ се спасуваше од пораз, хет трик на Каланоски за триумф на Беласица во Тетово (видео)