Фудбалерите на Струга Трим Лум освоија само бод на домашен терен, ремизирајќи 1-1 со Академија Пандев во 15-та рунда од Првата македонска фудбалска лига. Стружани поведоа со 1-0, но гостите со маестралниот погодок на Ѓорѓи Стоилов од слободен удар изедначија и на крајот обезбедија реми и еден бод на Градскиот стадион „ФК Караорман“.

Срѓан Захириевски (Струга ТЛ) – Натпреварот го започнавме и го одигравме без стандардни 7-8 првотимци. Фудбалерите дадоа максимум. Имавме иницијатива и поведовме, но евро-голот на Стоилов ни ја одзеде заслужената победа. Резултатите не се загрижувачки, колку што е здравствениот билтен. Мислам дека дел од повредените фудбалери ќе се вратат за дуелот со Силекс и во Кратово ќе можеме да атакуваме на позитивен резултат.

Југослав Тренчевски (А. Пандев) – Еден тврд меч во кој ние влеговме со цел да не изгубиме. Во првиот дел стружани имаа некоја иницијатива, но ми се чини дека добро игравме. Во вториот дел досуден ни е контра пенал. Не е проблем пеналот, туку критериумот кој не важи за Академија Пандев. Да ни досудуваа вакви пенали нам, сигурно, сега ќе имавме 6-7 бодови повеќе. Овој бод е важен за психичката состојба во екипата која не е на завидно нив. Ние и кога играме добро губиме, затоа сметам дека ова реми ќе биде од големо значење бидејќи е извлечено кај тим кој речиси да игра перфектно на домашен терен.

OhridNews

 

Прва МФЛ: Евро-голот на Стоилов спречи радост во Струга (видео)