Исламската верска заедница – ИЗВ, денеска ги отвора џамиите во земјава. Ваквата одлука ИВЗ ја донесе на вонреден состанок минатата недела, што се одржа по одржување на литијата во Струга за празникот Св. Ѓорѓија.

Од ИВЗ тогаш истакнаа дека се следи состојбата со коронавирусот и дека се одлучиле на таков чекор поради подобрување на здравствената состојба во земјата.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, како и здравствените власти апаелираа до верските заедници на одговорно однесување со цел да се спречи ширењето на Ковид 19.

OhridNews