Македонскиот вицепрвак Металург го освои меѓународнииот ракометен турнир „Струга 2013“, откако во финалето во драматичен финиш славеше над францускиот тим Иври со 24: 22.
Металург на полувремето имаше предност од 9 голови (16:7), но упорните французи во вториот дел одиграа извонредна одбрана и малку фалеше да го свртат резултаот. Во трката со времето сепак Металург со пенал на Мојсоски на 5 секунди до крајот на мечот ја обезбеди победата и триумфот на 41-то издание на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2013“.
Во малото финале, екипта на Вардар го совлада Брест Мешков 33:24.
За најдобар голман на турнирот беше избран Жербела од екипата на Иври, а за најдобар играч беше прогласен играчот на Вардар Владимир Петриќ. Најдобар стрелец на турнирот е Филип Досер од франсуската екипа Версај со 21 постигнат гол.
OhridNews