Иво Санадер денеска поднесе неотповиклива оставка на функцијата премиер на Република Хрватска. Според првичните информации тој ќе се повлече и од лидерската позиција во владејачката ХДЗ.

Санадер попладнево одржа прес конференција на која ја соопшти својата одлука и ја повика нацијата на заедништво.

“Од лични причини поднесувам оставка на местото премиер и претседател
на партијата. Нема да се кандидирам за претседател на Република
Хрватска“,
изјави Иво Санадер на прес конференцијата и ги потврди информациите на хрватските медиуми дека неговата функција во владата и во партијата ќе ја преземе Јадранка Косор.

Косор на премиерската функција би можела да стапи веќе во петок, јавија хрватските медиуми.

Ohridnews