Помошникот министерот за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски ќе биде нов директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Котевски ја презема оваа функција од досегашниот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој ќе продолжи да ја извршува функцијата Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието.
Во неговата изјава за медиумите, Котевски вели дека изминатите девет години, додека бил на функцијата во МВР, ги вложил сите капацитети.За наредниот период вели дека ќе биде турбулентен и дека ќе ги брани интересите на граѓаните и државата на политички план.
Иво Котевски пред работното искуство во МВР, работеше како новинар и уредник во телевизиите Канал 5 и Телма.
OhridNews