Поддршка за деблокада на македонските евроинтеграции, побара македонскиот претседател Ѓорге Иванов од претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, на заедничката средба , шро се одржа синоќа во Виена.
„Ван Ромпуј укажа дека од првиот ден додека е на оваа функција настојува Западен Балкан да добие своја шанса, да почне да се придвижува во евроинтеграциите“, рече Иванов.
Тој додаде дека првиот човек на Европскиот совет истакнал оти местото на сите земји од западен Балкан е во Европската унија(ЕУ).
„Ван Ромпуј укажа дека лично ќе се заложи за она што Македонија го заслужува и целиот регион, состојбата да се промени. Тоа е порака, меѓутоа ќе видиме кога ќе дојде Европскиот самит каков ќе биде одговорот. Важно е дека она што е од нас сме го оствариле и извештаите на Европската комисија тоа го укажуваат“, рече Иванов.
Македонскиот претседател во сабота ја завршува работната посета на Виена, со средба со комесарот за регионална политика Јоханес Хан и со посетата на Музејот на Ернст Фукс.
извор:„Макфакс“