Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов свика состанок на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето ќе го информираат државниот врв на Република Македонија за актуелните настани, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Состанокот ќе се одржи вечерва во Кабинетот на Водно, по враќањето во земјава на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, и на премиерот Никола Груевски.

Терминот за одржување на состанокот дополнително ќе биде соопштен, пишува во соопштението од претседателскиот кабинет.

OhridNews

Извор: „МИА“