Иванов: Советот за безбедност не е ниту собраниска комисија, ниту јавно обвинителство
12.03.15 15:10
Советот за безбедност не е ниту собраниска комисија, ниту јавно обвинителство. Седница ќе свикам кога ќе добијам збирни податоци и информации од надлежните институции, вели за „Макфакс“ Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во врска со можноста за свикување на Советот за безбедност.
Макфакс: Актуелната состојба изминатиот месец предизвикува загриженост во македонското општество. Дел од македонската јавност смета дека е загрозена и безбедноста на Република Македонија. Дали има елементи за свикување на Советот за безбедност?
Иванов: Морам да констатирам дека во последниот период има многу шпекулации и дезинформации поврзани со функционирањето и поставеноста на системот за национална безбедност, вклучително и улогата на Советот за безбедност. Она што јавноста треба да го знае е дека системот за национална безбедност и неговите субјекти функционираат согласно надлежност утврдена во Уставот и законите, по претходно донесена национална концепција за безбедност и одбрана. Се формираа нови институции и работни тела кои имаат надлежност и одговорност утврдена со закон. Советот за безбедност не функционира на допрен глас, ниту врши надзор врз работата и спроведувањето на мерките на службите. Ова тело не е ниту јавно обвинителство, ниту собраниска комисија. Ги очекувам актите од надлежните органи на државната управа. До сега до мене не е доставена анализа, препорака и заклучок од страна на Групата за процена на активности насочени кон влошување на безбедносната состојба во Република Македонија. Советот за безбедност ќе заседава кога ќе се обезбедат збирни податоци и информации од надлежните институции, со цел да донесе и заклучок за процена на штетата по системот за национална безбедност. Доколку заклучокот бара, Советот за безбедност ќе расправа и за иницијативи за промени во безбедносната политика.
Макфакс: Кој ќе понесе одговорност?
Иванов: Работите треба да си дојдат на своето место. Институциите мора да функционираат. Собранието има комисии чија улога е да извршат надзорот над работата и спроведувањето на мерките за следење на комуникации од страна на службите. Отсуството на опозицијата од работата на овие тела го оневозможува овој механизам на контрола. Што се однесува до одговорноста, секој кој извршил акт спротивно на закон и на правилата на работа да понесе одговорност. Одговорност мора да има.
Макфакс: Има ли штета по безбедносниот систем на државата?
Иванов: Прво што би посочил е дека за предметите за кои се надлежни органите на прогон и кои се во постапка во Јавното обвинителство, согласно закон, обвинителството е должно да ја информира јавноста. Тие предмети се од таква природа што предизвикуваат поширок општ интерес во јавноста. Второ, во однос на прашањето за штета по безбедносниот систем во државата, очекувам надлежните, секој во својот ресор, да преземат мерки за утврдување на таквите состојби и за тоа да го информираат Советот за безбедност. Врз основа на таквите информации, Советот за безбедност би заседавал и би донел заклучоци, за што јавноста ќе биде информирана.
Мeѓу загинатите во уривањето на бетонската натстрешница на железничката станица во Нови Сад, беше и д-р Васко Саздовски, кој дел од својата кариера ја помина и на Универзитетот за информатички наук...
На 02112024 година во 00,00 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, приведенo е 18 годишно лице од селото Лешани, општина Дебрца Тој претходно пред угостителски објект на улицата „С...
Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓаше и Васко Саздовски од Македонија Како што дознава „Политика“, 45-годишнио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.