Шефот на државата Ѓорге Иванов денес оствари средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли, шефот на делегацијата на Европската Унија, Аиво Орав, шефот на Мисијата на ОБСЕ, Ралф Брет, Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Турција, Омур Шолендил во функција на контакт амбасадор на НАТО.

Иванов ја истакна потребата за поддршка од меѓународната заедница во интерес на стабилноста на Македонија, како и стабилноста и безбедноста на целиот регион. Последните политички случувања во државата се резултат, покрај другото и на долготрајната статус кво ситуација во однос на евроатлантските интеграции, која остава простор за најразлични обиди за дестабилизација . Затоа е потребно, порача претседателот Иванов, итно да се изнајдат начини и да и се овозможи напредок на Република Македонија, на планот на евроатлантските интеграции, а во интерес на севкупните односи во општеството.

Особено е важно да се врати чувството на сигурност и безбедност кај македонските граѓани,  посочи претседателот Иванов.

OhridNews

извор Телма