Во интервју за полски медиум пртседателот Ѓорге Иванов истакнува дека Македонија е обвинувана за ситуацијата со мигрантите, иако тие доаѓаат во Македонија од територијата на Европската унија.
– За жал, Унијата го заборави Балканот и оставени сме сами со овој проблем. Низ Македонија поминува главната рута на мигрантите. Ние трошиме 1 милион евра месечно за да им помогнеме, а само за зајакнување на полициските сили трошиме 800.000 евра месечно. Нашите пробеми се резултат на тоа што се случува во ЕУ – мигрантите доаѓаат во Македонија од територија на Унијата, бидејќи никој не ја чува нејзината граница, вели претседателот Иванов.
OhridNews