“Длабоко сум убеден дека со вашата посета, ние како први луѓе на двете соседни земји ќе дадеме значаен придонес во нашата заедничка визија и дефинитивно ќе дадеме дополнителен силен импулс за јакнење на добрососедските односи” се наведува во поканата што денеска Иванов ја испрати до грчкиот претседател Папуљас.

 Термин за остварување на ова средба сеуште нема, но во писмото стои дека Иванов му стои на располагање за утврдување на термин кој најмногу одговора на двете страни.

Формалната покана на Иванов до неговиот гржки колега, следи по неполна недела од средбата Груевски-Папандреу во Брисел,  тој ја оцени како кршење на мразот, во речиси замрзнатите односи меѓу Мкедонија и Грција.
 -Имајте доверба во институциите бидејќи како што гледате, во последно време институциите работат со полн капацитет, имаме усогласени ставови и правиме најдобро за сите граѓани на Македонија. Да видиме времето што ќе донесе, да се надеваме дека ќе се реши во наш интерес. -изјави Ѓорге Иванов, на работната посета во Охрид на 29.10.2009
Намерите за интезивирање на билатералните контакти со грчките челници беа еден од главните елеманти на предизборната кампања на Иванов.

Ohridnews