Географската одредница „Северна Макдонија“ е предлог кој Грција го посакува веќе петнаесет години, смета новоизбраниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов. Тоj денеска изјави дека веднаш по инаугурацијата активно ќе се вклучи во решавањето на билатералниот спор за името. При тоа тој потенцираше дека решението треба да биде компромис кој нема да ги загрози националните интереси на Македонија, но каков и да биде тој компромис ќе се најде на референдум, додаде Иванов.
„Тоа е географска одредница која ја посакува другата страна. Ние секогаш сме подготвени да дојдеме до компромис, но тој да не е на штета на интересите на нашата држава. Тој компромис на крајот, кој и да биде, каков и да биде, мора да биде потврден од граѓаните. “, изјави Иванов.