Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе се обрати на отворањето на 19-та Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на Јадранската повелба (А5) и САД, што ќе се одржи во хотел Гранит во Охрид.
Тема на конференцијата е „Здружените напори во постигнување на НАТО партнерските цели и способностите на силите”.
Јадранската повелба е партнерство формирано во 2003 со цел заеднички и координирани активности за што побрзо исполнување на критериумите и стандардите на НАТО, како и превземање на заеднички иницијативи за градење мир, демократија, стабилност и просперитет во регионот на Југоисточна Европа.
OhridNews