Новоизбраниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, кон крајот на мај во вилата Билјана во Охрид ќе оствари средба со претседателот на Косово, Фатмир Сејдиу, најавуваат дел од националните печатени медиуми повикувајќи се на извори од врвот на државата.

Косовскиот претседател не присуствуваше на инаугурацијата на Иванов што се одржа на 12 мај во Скопје, поради што опозиционата ДПА ја бојкотираше свечената седница, а албанскиот претседател Топи кој допатува во Скопје изрази незадоволство што  Сејдиу не добил покана од Македонија.

Впечаток е дека во “случајот“ дел од партиите и регионални политичари реагираа повеќе отколку самиот Фатмир Сејдиу, кој јавно изјави дека ќе допатува во Македонија, но не на инаугурацијата, туку во официјална посета, која според најавите ќе се случи токму во Охрид на 28 и 29 мај.

Ohridnews