Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ќе ги одликува членовите на Македонската кошаркарска репрезентација со „Медал за заслуги за Македонија“.

Орденот на македонските спортски херои им се доделува за афирмација на Република Македонија во светот со постигнатите врвни резултати во кошарката на меѓународен план, и за исклучителен придонес за развој и популаризација на овој спорт во нашата земја, информираат од Кабинетот на претседателот.

OhridNews