Како што се посочува од Кабинетот на Иванов, Претседателот информирал дека име со географска одредница не и’ одговара на Република Македонија, „додека за предлогот Република Македонија (Скопје), што беше прифатлив во Букурешт, вреди да се размисли и да им се објасни на граѓаните дека со тој предлог нема да се влијае на идентитетот“.
Иванов најавил дека по завршувањето на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, е планирана средба на македонскиот преговарач Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адемантиос Василакис.
извор: Makfaks