Тој апелираше до земјите членки на НАТО да го прифатат членството на Македонија во Алијансата, бидејќи, како што рече, земјата веќе активно партиципира во мисиите на Северноатланскиот сојуз.
Истовремено, Иванов упати апел и до политичките структури во Македонија, повикувајќи ги да ја почитуваат фер играта во политиката и да престанат со дневно-политички поделби. „Заедно ќе успееме да ја исполниме нашата мисија, просперитетна и европска Македонија“, рече Иванов.
Тој додаде дека одговорноста кај сегашните политичари е да се грижат за сегашните генерации, но и генерациите што следат.
извор: Makfaks