Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, доцна попладнево во вилата „Билјана“ во Охрид го одликуваше познатиот италијански композитор, Енио Мориконе, со “Орден за заслуги за Македонија“.


Медалот на Мориконе му се доделува поради исклучителни резултати во неговото музичко творештво и заради учеството на годинашниот фестивал Охридско лето со што дава придонес во афирмацијата на Македонија во светот.


На средбата во вилата „Билјана“, Мориконе, заблагодарувајќи се на честа, најавил дека утрешниот концерт ќе го посвети на претседателот Иванов, кој пак  него го замолил својот нареден концерт во светот да го посвети на Македонија.


Енио Мориконе утре вечер на отворањето на 49-то Охридско лето на  Античкиот театар ќе диригира со унгарската филхармонија која ќе изведе повеќе дела од познатиот оскаровец.

Ohridnews