Глобалното затоплување и глобалните напори за намалување на емитирањето штетни гасови се можеби најголемиот предизвик пред кој е исправено човештвото, истакна. Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов , на отворањето на 14-та Европска конференција за енергетика, што денеска започна во Охрид.

– Климатските промени се реалност чии последици се чувствуваат насекаде и кај земјите во развој и кај развиените економии, рече Иванов, нагласувајќи дека решението треба да се бара во чиста, одржлива технологија за иднината.

На тридневната конференција учествуваат околу 400 претставници од 50 држави од целиот свет . Тие  во Охрид ќе расправаат за новите начини на конверзија на електричната енергија преку употреба на ветерот, како и ефикасен транспорт на електричната енергија, со цел намалување на загубите на енергијата во транспорто, а 20 светски угледни компании пак ќе ги претстават своите најнови технолошки достигнувања и опрема. На еминентниот стручен собир што за прв пат се одржува во Македонија во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии, при Универзитетот „Свети Кирил и Методија“ ќе бидат претставени 259 реферати на теми како што се енергетската електроника, електричните машини, обновливите извори на енергија, намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата и др.

OhridNews