Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов им приреди изненадување на македонските кошаркари посетувајќи ги на редовниот тренинг во „Борис Трајковски“.

До почетокот на Евробаскетот во Словенија преостануваат уште пет дена, а таму Македонија ќе го брани четвртото место освоено на ЕП во Литванија пред две години.

Првиот човек на државата им посака среќа на кошаркарите и им порача да ја израдуваат и обединат македонската нација.

Мх.П.