Со одлука за помилување на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, затворската казна на ексдиректорот на ЕСМ, Ламбе Арнаудов, му се намалува за 10 месеци, јави А1. Но само неколкучаса подоцна, телевизијата објави дека одлуката за помилување на Арнаудов била повлечена.

„Претседателот го потпишал указот за помилување, но потоа дал налог
Арнаудов да биде тргнат од листата. Од кабинетот не се објаснува зошто
Иванов го смени мислењето, за само еден ден.Најавуваат
внатрешна истрага за да се утврди кој од службите е виновен за овој
скандал, и поигрувањето со човечката судбина на поранешниот директор на
ЕСМ Ламбе Арнаудов“, објави попладнево А1.

Според истиот извор кабинетот на претседателот ја испраќа исправката во Службениот весник каде што одлуката беше вчера објавена.

Инаклу по повод државниот празник Илинден, претседателот Иванов целосно помилува 18, а делумно 43 затвореници.

Ohridnews