Поранешната сопруга на Доналд Трамп, 60-годишната Ивана Трамп, поднела барање за развод на бракот од својот четврт сопруг, 37-годишниот Росано Рубиконди, а како причина се наведува нивната оддалеченост. Имено, нејзиниот сопруг последните две години живее во Италија каде што и работел, додека таа живеела во Њујорк.
Со оглед дека Ивана поради работата често патувала, на парот кој се венчал во 2008 година му било тешко да пронајдат време еден за друг. Нивната среќа очигледно не траела долго со оглед на тоа што Ивана првото барање за развод го поднела уште кон крајот на минатата година, но подоцна, во почетокот на 2009 се смириле. „Иако сум многу тажна, време е да продолжам понатаму“-изјавила Ивана.