Ивана Секулоска и Лео Нелоски од IX одделение од ОУ „Григор Прличев“, под менторство на наставничката Билјана Атанасовска, се добитници на вредна стипендија од Гете Институтот Скопје.
По извршеното тестирање на познавањата на германскиот јазик учениците се пласираа во најдобрите шест ученици во Македонија и добија можност да учествуваат на тринеделен меѓународен јазичен курс во Хинтерцартен, Германија. Овие стипендии се доделуваат на ученици од партнерските училишта на Гете – Институтот, како што е и нашето училиште, едно од четирите училишта во Македонија, информираат од училиштето.
Воедно од училиштето изразуваат благодарност за соработката до Гете- Институт Скопје и за постојаната поддршка при изучување на само на германскиот јазик како странски јазик, туку и на германската култура и традиција.
OhridNews