Со десет победи и четири порази, Ракометниот клуб Охрид финишираше на втората позиција на табелата. „Гладијаторите“ ги надминаа сопствените очекувања кои беа многу скромни на почетокот од сезоната. Охрид иако има тежок распоред во преостанатите четири мечеви се уште е во игра за пласман во плејофот.

  • Исклучувајќи го поразот од Пролет на домашен терен кога не бевме комплетни, другото од сезоната заслужува чиста десетка. Можеби и мечот со Бутел во Скопје не го одигравме на ниво кое можеме, но многу е важно што на домашен терен добивме три од четирите средби кои моравме. Повисока оценка од нас заслужуваат „Рибарите“ и публиката. Тие констатно беа наша поддршка без разлика за каков меч се работеше. Задоволство беше да се игра пред полни трибини, но голема беше и обврската. Се надевам дека задоволни се од нашата престава во есенската полусезона. изјави пикерот Иван Тасески.

2018 година, ракометарите на Охрид ќе ја испратат со учество на Меѓународен турнир во Холандија. Еден од милениците на охридската публика смета дека дружењето ќе биде круна на есенската полусезона и добро заокружување на тимската хемија која владее во екипата. Околу 45-члена експедиција од РК Охрид и Женскиот ракометен клуб Лихнид в петок (утре) тргнува за Холандија. Двете екипи ќе одиграат по три натпревари со локални противници, а ќе ги посетат знаменитостите на градот домаќин Сомерен.

OhridNews

Рутински триумф на Охрид за победнички крај на 2018 година !