Членот на ракометниот клуб Охрид, Иван Тасески е прогласен за спортист на годината на свечената церемонија во Општина Охрид која ја организираше Сојузот на спортови.

Тасески во дресот на Р.К. Охрид имаше блескави настапи годинава во Супер лигата и заедно со останатите ракометари испишаа успех со историски размери во охридскиот ракомет.

Наградата за животно дело му припадна на фудбалскиот стручњак Ацо Гаврилоски кој во охридската спортска јавност е познат како „Чичко Ацо“.

Изборот на Сојузот на спортови во Охрид за 2015 година :

Најдобар спортист за 2015 година : Иван Тасески (ракомет)

Најуспешна спортстика : Мартина Мироска (атлетика)

Најдобар тренер : Горан Андоновски (Р.К Охрид)

Најдобра екипа : Ракометен клуб Охрид

Животно дело : Ацо Гаврилоски (фудбал)

Спортски презентери на Охрид : Димитар Камнаровски (пливање) и Филип Василевски (алпинизам)

Настан на година : Европското првенство во кошарка за Б дивизиија (Ј.П. Билјанини Извори)

Најдобар спортски работник: Наум Јанкуловски (координатор на Детската фудбалска лига)

Најперспективни млади спортисти: Мартин Ѓоргиески (фудбал), Виктор Наумоски (фудбал), Ѓоко Бешироски (фудбал), Наум Костов (ракомет), Илија Рупев (спортски риболов), Мартина Петров (стрелаштво), Мартин Патчев (кајак), Артан Алиу (кик бокс), Христијан Чолески (бразилско џиу џицу), Горан Вранишкоски (карате).

Најдобри спортисти поединечно: Туран Абдула (фудбал), Петар Николоски (кајак), Васко Попоски (стрелаштво).

Признание за развој и придонес во спортот : Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески

Мх.П.