Охридскиот ракометен бисер, Иван Тасески се врати во старото јато, откако потпиша едногодишен договор со Ракометниот клуб Охрид. Тасески за екипата ќе преставува големо засилување, бидејќи игра одлично во одбраната и во нападот.
Охриѓанецот минатата сезона ја помина во Пелистер, двете страни не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката, а Охрид го искористи тоа и го врати во своите редови.
Тасески преставува трето засилување за „гладијаторите“. Претходно на екипата и се приклучија странците Милан Клаиќ и Дервиш Бирдахиќ.
Фото: Архива
OhridNews