Ракометарите на Охрид, денеска во 18:30 часот, во рамките од шестата рунда во Супер лигата силите ќе ги одмерат со тимот на Астраион од Струмица. Охридските „сино-бели“ во четирите одиграни мечеви имаат исто толку победи, а во дуелот со струмичани ќе атакуваат на петтиот триумф во А групата.

До сега се е според планот и очекувањата. На секој следен натпревар ние влегуваме по фокусирани и по мотивирани од претходно. Се е околу пристапот кој секогаш е на високо ниво во Охрид. За дуелот со Астраион подготвени сме таткички и физички. Играме на домашен терен и треба да ја оправдаме фаворитската улога. 

Згуснатиот распоред на натпревари не ни претставува проблем бидејќи имам доста играчи за ротација во екипата, а и желбата за игра после големата пауза е голема во Охрид. – изјави пивотменот Иван Тасески.

После шестата рунда во Супер лигата следува пауза.

OhridNews

 

Супер лига: Охрид против Астраион во СРЦ „Билјанини Извори“