Охриѓанецот во редовите на битолски Пелистер, Иван Тасески е пред исполнување на својот спортски сон, откако го „преживеа“ резот на селекторот Лино Червар за престојните квалификациски мечеви на Македонија за пласман на контитенталниот собир во Хрватска.
Хрватскиот стручњак на клупата од Македонија го скрати списокот од 28 на 21 ракометар, а меѓу нив се најде и охридскиот ракометен бисер, Тасески.
Од комбинација за мечевите на Македонија против Украина на домашен и против Чешка на гостински терен отпаднаа седум ракометари меѓу кои Кирил Колев, Никола Костески и Жарко Пешевски.
Собирот на репрезентација во пресрет на квалификациските натпревари е закажан на 30 октомври, а Македонија мечевите ги игра на 2 односно 5 ноември.
Списокот:
Иван Тасески : Чекор по чекор до националниот дрес
Мх.П.