Првиот избор во Охрид на линијата од шест метри Иван Тасески ја залечи повредата и се врати во екипата за дуелот со Борец кој охридските ракометари рутински го добија со високи 38-12. Тасески се повреди на дерби пресметката со Струга во регуларниот дел од Супер лигата.
- Повредата е минато и целосно сум подготвен за игра. Со оглед на противникот имав симболична минутажа колку да осетам натпревар и да бидам што подобро подготвен за утрешниот дуел со Радовиш и дербито со Струга. Во секој меч од плејаутот императив ќе ни биде победа, исто како и во натпреварите од регуларниот дел во Супер лигата. – изјави Тасески.
Ракометарите на Охрид утре му гостуваат на Радовиш, а мечот со Струга ќе се одигра в сабота. Терминот за третото „Езерско“ дерби ќе се одреди дополнително.
OhridNews