Ракометарите на Охрид и Струга во сабота, 21 октомври, втор пат ќе се соочат сезонава во Супер лигата. Со Езерското дерби продолжува втората половина од регулартниот дел во групата А.

Капитенот на „Гладијаторите“, Иван Тасески, посочува дека Струга има искусна екипа која не смее да се потцени.

Треба максимално да се влезе во мечот од почеток и со добра одбрана да извојуваме победа. Ги повикувам охриѓани и навивачката група „Рибари“ да дојдат во што поголем број и да ни дадат поддршка. – изјави Тасески.

Во првото коло ГРК Охрид на гости ја совлада Струга 17:25, полувреме 7:11.

По седум одиграни кола Охрид е на третото место во групата А, позади Алкалоид и Тиквеш, а пред Струга.

Ракометното Езерско дерби во сабота почнува во 18:30 часот.

OhridNews