Пивотменот во охридскиот состав, Иван Тасески е прогласен за најдобар и најкорисен ракометар за натпреварите од седмата рунда во Супер лигата.
Охриѓанецот заедно со Јагош Брауновиќ најмногу се покажаа во „Езерското“ дерби во кое Охрид славеше со убедливи 28-10 во Струга. Тасески во убедливата победа постигна пет погодоци од исто толку обиди и беше втор стрелец позади Бобан Блажески.
Ова е второ вакво признание за охридските ракометари. Претходно, за најдобар и најкорисен ракометар одбран беше Крсте Андоновски. Капитенот се закити со наградата во 4-та рунда од шампионатот.
OhridNews