Охриѓанецот Иван Тасески ќе почека за дебито во македонската ракометна репрезентација, откако селекторот Лино Червар не го вклучи во ракометарите кои ќе и се спротистиват на Украина.
Натпреварот со украинците кој ќе се одигра во Борис Трајкоски со почеток во 18 и 30 часот е премиерен во квалификациите за Европското првенство во Хрватска за две години.
Покрај ракометарот на Пелистер од составот за дуелот со Украина отпаднаа голманот Мартин Томоски, десниот бек Мартин Велковски, повратникот во репрезентацијата Ристо Арнаудовски, средниот бек Ласко Андоноски и левото крило, Мартин Попоски.
Шанса за настап на првиот меч добија ракометари кои и до сега ги бранеле боите на Македонија.
OhridNews