Ракометарите на Охрид, Иван Тасески и Горан Печенковски заедно со Ласко Андоновски (Тинекс Пролет), Давор Палевски и Горан Крстевски (Металург) дополнително се вклучени во поширокиот список од селекторот Лино Червар за престојните бараж дуели за Чешка за пласман на Мундијалот во Франција.
Добрата и континуирана игра на Тасески во изминатава сезона и пол и мудрата и трпелива игра на Печенковски во охридскиот дрес не останаа незабележани од очите на јавноста и најважно од новиот селектор Червар.
Повикот на овие двајца ракометари во селекцијата е круна за охридскиот клуб кој сезонава чекори по историски патеки.
Червар неодамна го објави поширокиот список, а го надоплни со пет ракометари кои доѓаат од македонскиот шампионат кој годинава е квалитетен како никогаш до сега.
Мх.П.