Во дресот на битолски Пелистер, Иван Тасески му се спротистави на својот матичен клуб Охрид во дерби пресметката која се одигра „Билјанини Извори“. Тасески помина пет години меѓу „гладијаторите“ и за него ова беше прво гостување во Охрид по заминување од клубот.


– Чувството да се игра пред охридската публика е прекрасно, но да се игра против Охрид навистина е необично. Им благодарам на охриѓани за топлиот пречек и за поддршаката. Спортот е таков и мораш да даваш максимум во клубот во кој играш без разлика на противникот кој се наоѓа од другата страна, а во овој случај беше Охрид. – изјави Тасески.


Што се однесува до натпреварот Охрид ги освои двата бодови совладувајќи го Пелистер со 28-24 во дерби кое во целосто го оправда епитетот.

– Изигравме слабо прво полувреме во одбраната и со многу технички грешки во нападот. Во вториот дел се консолидиравме и успеавме да ја анулираме нивната предност која достигна седум голови. Но, кога требаше да го „скршиме“ противникот ние ги повторивме грешки од првиот дел и ја пропуштивме шансата за победа во Охрид. – истакна пивотменот.


Тасески зад своето име запиша четири голови, а изнуди два пенали и едно исклучување и во добро светло се престави во „Билјанини Извори“.

Мх.П.