Градот Охрид во името на ракометарот Иван Тасески го доби спортскиот лаурат за 2015 година. Тој заедно со атлетичарката Мартина Мироска беа прогласени за најуспешни спортисти во годината што изминува.


– Голема благодарност до Сојузот на спортови за наградата најдобар спортист во Охрид и за сите оние кои гласаа за мене. Оваа награда ќе биде поттик и мотив повеќе за што поголеми успеси. – рече Иван Тасески на почетокот од интервјуто за Ohridnews.


Наградата за најдобар спортист и зациментираното место во екипата е доказ дека пивотменот се наоѓа на вистинскиот пат. Неговата цел е националниот дрес, но до таму сака да стигне чекор по чекор.

– Целта ми е да го облечам националниот дрес со што би го остварил мојон сон. До таму имам уште многу за играње и докажување затоа само трпеливо. Ништо не може да се добие преку ноќ туку со макотрпна работа. – додаде пивотменот.


Тој со охридскиот клуб предводен од Горан Андоновски од клупата есенската полусезона ја завршија на втората позиција позади лидерот на табелата Металург.

– Останаа уште четири натпревари од регуларниот дел од Супер лигата, но ние веќе имаме обезбедено пласман во плејофот. Сите ние во клубот имаме големи амбиции за што најдобро покажуваат резултатите. Ќе атакуваме на што повисоко место на табелата и следната сезона да бидеме дел од некое европско натпреварување. – заврши Тасески.

Иван Тасески спортист на годината во Охрид, животно дело за Ацо Гаврилоски

Најдоброто од спортот во Охрид за 2015 година (фотогалерија)

Михаил Постоловски