Миленикот на охридската публика, Иван Тасески, ја продолжи соработката со Ракометниот клуб Охрид, потпишувајќи нов едногодишен договор.

Тасески кој е заменик капитен е прв ракометар од „старата постава“ кој ја продолжува соработка со охридскиот ракометен клуб. РК Охрид преговара со останатите ракометари и во најскоро време ќе се офијализираат нови соработки.

Претходно, „гладијаторите“ се разделија со Денис Тот кој замина во Бутел Скопје и Игор Чагаљ кој се пресели во швајцарски Базел.

Пред крајот на сезоната договорот со охриѓани го продолжи тренерот Раде Стојановиќ.

OhridNews