Петкраниот освојувач на титулата во македонскиот ракометен шампионат, Металург, ги реши дилемите околу тренерската позиција, назначувајќи го за нов шеф на стручниот штаб, Иван Маркоски.
Поранешниот македонски репрезентативец пред себе ќе има голема задача, затоа што составот од Автокоманда не ги започна најдобро мечевите во плејофот. Во првите две рунди, „металурзите“, изгубија во дуелот со Пролет и ремизираа со Струга.
Маркоски во Македонија го водеше тимот на Работник, сегашен Еурофарм Пелистер, а надвор од македонските граници работеше во женскиот ракометен клуб Авенсоа во Франција.
Официјално деби на клупата од Металург, Маркоски ќе има викендов во третата рунда од плејофот во Супер лигата. Ривал на „металурзите“ е вториот тим на Еурофарм Пелистер.
OhridNews