Со триумф во „Билјанини Извори“ против лидерот на табелата во Супер лигата, Охрид, ракометарите на Еурофарм Работник ги залечија раните од поразот во градската пресметка со Пелистер. Гостинските ракометари заслужено ги освоија бодовите иако „гладијаторите“ имаа напад за реми кој не го реализираа.
– Двете екипи одигравме тврд и неизвесен натпревар и можам да кажам дека епитетот дерби вистински го оправдавме. Резултатот најмногу говори за каков меч се работи и дека ситници го одлучија победникот. Мораше и требаше порано да го решиме мечот, но таков ракометот нуди многу адреналин до самиот крај. Добро е што на крај и со ракометар помалку се одбранивме и ги освоивме трите бодови кои се многу драгоцени. – рече Иван Маркоски.
„Фармацефтите“ втор пат сезонава го совладаа Охрид, и во двата наврати со минимална предност на семафорот. Предводникот на Еурофарм Работник од клупата цврсто верува во проектот кој започна минатата сезона.
– Една работа ќе кажам, ние во Битола играме како на гостински терен, а најмногу тоа се покажа на дерби средбата со Пелистер. Многу мал број во Битола сега го препознаваат нашиот квалитет и нашата работа, но ние само со макотрпни тренинзи и резултати ќе можиме да се надевам на поддршка. Од нашиот проект Еурофарм Работник ќе профитираат сите, не само ние како тренири или играчите туку целата ракометна сцена во Македонија. – заврши Маркоски.
„Фармацефтите“ најдоа лек за Охрид во „Билјанини Извори“
Фото: Емил Јовановиќ
Мх.П.