Трендот на „стенд-ап“ комедијата која со децении царува во САД и Велика Британија, се повеќе се развива во Македонија. Доказ за тоа се квалитетните „стeнд-ап“ комичари од земјава, но и оние кои гостуваат и на еден начин допринесуваат за развој на сцената.
Деновиве, пионерот на софиската и воопшто бугарската „стeнд-ап“ комедија, Иван Кирков, успеа да ги насмее до солзи и да ги сподели емоциите со охридската публика во култниот клуб „Џез ин“.
„Охрид е прекрасен град, а клубот е одличен за „стенд-ап“ комедија. Задоволен сум од настапот и присутние. Имаше многу смеење и се помина во најдобар ред. Публиката е подготвена и знае што да очекува, а тоа е многу важно.“ – вели Кирков.
Пионер на софиската „стeнд-ап“ сцена
Почетоците на Кирков се пред две години, а за неговите квалитети кои го нуди на публиката, говори наградата за најдобар „стенд-ап“ комичар на „Adira stand-up awards“, во категоријата на вон поранешни југословенски републики.
„Со овој вид хумор започнав да занимавам пред две години. Но многу набрз се разви „стенд-ап“ сцената во Бугарија. Тоа се должи на софиската публика која е многубројна и редовно на интернет го следи овој тренд од западните земји. Со оглед на тоа, актерите или оние кои работат во оваа област, мораат да се квалитетни за да успеат и за да се промовираат меѓу народот.“ – потенцира бугарскиот „стенд-ап“ комичар.
„Политиката не дели, хуморот не зближува“
Темите кои Кирков ги обработува се тесно поврзани со секојдневниот живот и стереотипите кои го опкружуваат човекот. Во моментов, заедно со охридскиот „стенд-ап“ комичар, Никола Тодороски, работат на проектот под мотото „Политиката не дели, хуморот на зближува“.
„Ги работам оние теми кои ми се допаѓаат. Сите ме прашуваат за политиката, но им кажувам дека истата премногу ја има по телевизиите и медиумите, па затоа не обработувам таква проблематика. Во моментов со Никола имаме заедничка визија, слични теми и сличен пристап, односно сакаме да се позанимаваме со секојдневните човечки проблеми. Во последно време, но и отсекогаш, има една политичка тензија помеѓу Македонија и Бугарија, а ние преку хуморот сакаме да ги надмиене тие културолошки разлики преку еден покреативен начин.“ – објаснува Кирков.
Соработка со охридскиот „стенд-ап комичар Никола Тодороски
Кирков заедно со својот колега, охридскиот актер и „стенд-ап“ комичар Никола Тодороски, неддамна имаа два извонредни настапи во престижниот клуб „Студио 5“ во Софија. Исто така, тие заедно настапија во охридскиот клуб „Jazz Inn“, односно во Битола.
„Со Никола работиме заедно. Пред една недела, тој беше во Софија и настапивме во клубот „Студио 5“. Имаме заеднички планови да настапуваме и понатака. Кога сме кај европската сцена каде што сум настапил, Австријците се доста интересни, а исто така постојат и многу добри хрватски „стенд-ап“ комичари. Но предноста што ја имам тука во Македонија е прво што јазикот е сличен и полесно може да се соработува со публиката, а од друга страна тоа што двете земји не се толку оддалечени.“ – потенцира Кирков.
Во октомври со Тодороски во Лондон
Покрај настапот на Кирков и Тодоровски закажан на 15-ти идниот месец во Охрид, плановите на двајцата квалитетни „стенд-ап“ комичари е да се направи турнеја во Англија.
„Наредниот поголем настап ни е закажан за 15-ти август во Охрид. За во иднина, еден од плановите е да настапиме заедно со Никола во Лондон на „Comedy international conference“ за стенд-ап. “ – завршува Кирков.
О.Т.