Ракометниот клуб Вардар, ќе остане без еден од најмаркатните играчи во клупската историја, откако Иван Чупиќ одлучил да се врати во родната земја, прифајќи ја понудата од Загреб.

Чупиќ и Загреб ќе потпишат тригодишен договор. Најверојатно, трите сезони во Загреб ќе бидат последни за десното крило во богатата и успешна кариера.

Хрватот засекогаш си обезбеди место во историјата на „црвено црните“, бидејќи беше дел од двете екипи кои триумфираа во Лигата на Шампиони. Хрватот во првото финале против Пари Сент Жермен го постигна погодок вреден победа и титула.

Со доведувањето на Чупиќ, Загреб, продолжи да ги враќа ветераните во екипата, затоа што претходно го офијализираше договорот со Жељко Муса.

OhridNews