На терените од Тенискиот клуб Охрид се одржа турнир во најмладите категории до 8 и до 10 години на кои учествуваа 40 натпреварувачи од Македонија.
Во турнирот до 10 години популарен како портокалов триумфираше охриѓанката Ива Кецкарова. Таа до финале стигна без изгубен гем, а во финалето на противничката и дозволи само два гемови за победа во два сетови (4-1, 4-1).
Следниов викенд 25-26 август ќе биде турнирот во зелен тенис за момчиња и девојчиња (до 11 год), на кој охридскиот клуб ќе настапи со 5 натпреварувачи.
OhridNews